Стевананаџија: Пратениците од СДСМ да престанат да мислат дека се избрани од Господ, а не од граѓаните

Пратеничката Лидија Димова, но и сите останати пратеници од СДСМ, наместо парите кои што ги земаат од граѓаните да ги користат за нивните партиски деструктивни сценарија низ улиците Скопје, конечно да дојдат на работа, да ги заработат своите плати и да работат во интерес на граѓаните кои што ги избрале, а не во интерес на двоецот Заев – Шекеринска, повика денес на прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Интегрален текст од изјавата на Стевананаџија:

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најостро го осудуваме вчерашното скандалозно, дрско и недолично однесување на пратеничката од редовите на СДСМ г-ѓата Лидија Димова, која вчера беше дел од насилните протести на кои активисти од таканаречената „Шарена револуција“, но и актуелни функционери на СДСМ ја напаѓаа и навредуваа македонската полиција која ги извршуваше своите редовни работни задачи.

Имено, Лидија Димова вчера со своето срамно и арогантно однесување најотворено, без нималку срам и одговорност ја злоупотреби својата пратеничка функција и имунитет одбивајќи да постапи по полициските наредби.

Да е срамот и скандалот уште поголем, пратеничката од СДСМ Лидија Димова вчерашното  непочитување  и злоупотребување на пратеничката функција и имунитет го демонстрираше токму во моментите кога таа и сите останати пратеници од СДСМ не доаѓаат на работа, а земаат плата од џебот на граѓаните.

Ваквото срамно однесување на СДСМ конечно мора да престане. Пратениците од СДСМ мора да престанат да мислат дека тие се избрани од Господ, а не од граѓаните. Крајно време е СДСМ да престане да се однесува како буржоаска класа на која што никој и ништо не и може.

Сакам да ја потсетам пратеничката Димова доколку не знае, дека пратеничкиот имунитет како неа, така и нас, не не штити од сторени прекршоци во сообраќајот, за кои токму вчера полицијата ја предупреди Димова, ниту ја штити од сторените повреди на одредбите од Законот за јавен ред и мир. Иако Димова била свесна за сторените прекршоци и повреди на законите, тоа не ја ослободува од правната одговорност како граѓанин на Република Македонија, но и од моралната одговорност која што ја носи како пратеник во Собранието на Република Македонија.

Јавно ја повикувам пратеничката Лидија Димова, но и сите останати пратеници од СДСМ, наместо парите кои што ги земаат од граѓаните да ги користат за нивните партиски деструктивни сценарија низ улиците Скопје, конечно да дојдат на работа, да ги заработат своите плати и да работат во интерес на граѓаните кои што ги избрале, а не во интерес на двоецот Заев – Шекеринска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.