Стевананџија: Само СДСМ не сака да се дознае вистината за фалсификуваните лични карти!

На денешната расправа по повод изборот на членовите на новофомираната Анкетна комисија која ќе треба да го расчисти скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши и други документи, со своја реплика кон пратеникот од опозицијата Горан Мисовски се обрати и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Мисовски е еден од пратениците кој што го оневозможи функционирањето на претходната Анкетна комисија. Човекот кој што се уплаши од вистината и не собра храброст како потпретседател на оваа комисија да се држи до Деловникот кој што самиот го изготвуваше и да закаже комисија на која што би ги сослушале оние сведоци кои што тој бомбастично ги најавуваше“, кажа Стевананџија во воведот од својата реплика.

Покрај тоа што, како што рече Стевананџија, Мисовски е еден од кочничарите на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето, очигледно и упорно, тој и СДСМ се обидуваат да го спречат функционирањето на новата Анкетна комисија за скандалот со фалсификување на лични карти, пасоши и други документи, поради тоа што постојат сомневања дека најверојатно во тоа се вмешани и членови, активисти и функционери од СДСМ.

За волја на вистината, македонската политичка сцена, а посебно опозицијата, ја тресе една друга голема афера. Афера наречена „Фабрика за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи“. Афера која има меѓународни размери и афера која што мора да биде разрешена, посочи Димитар Стевананџија.

Пратеникот Стевананџија потоа истакна дека сите пратенички групи, како и независни пратеници, освен пратеничката група на СДСМ, ја поддржале иницијативата за формирање на оваа комисија и предложиле членови за истата, но како што рече тој, единствено не му е јасно зошто и како некоја политичка партија би била против откривање на вистината и расчистување на овој скандал.

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и независните пратеници, како и секогаш досега во собраниската пракса ја поддржаа иницијативата за формирање на една ваква Анкетна комисија. Само не е логично политичка партија во рамките на Собранието да не сака да се дознае вистината, дополни Стевананџија.

На крај, Стевананџија им порача на пратениците од СДСМ да соберат храброст и да не дозволат нивната партија да биде заложник на криминалите како на одредени личности од високото раководство на СДСМ, така и на осомничениот за овој скандла Чауш заедоно со неговата банда.