понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 62

Стевананџија до Пимен: Ако сакаш да си политичар, чесно е да ја соблечеш мантијата

И така свој простор добиваат егзибиционисти како Пимен кој заради експонираност во јавноста е спремен на се, па и гол да претрча ако треба, а камо ли да се прави мудар за да ги воодушеви тие кои сака да му се воодушевуваат, оние кои се нарекуваат интелектуалци од левицата. Пимен е реакција на реакцијата, додава пратеникот во својот статус.

Стевананџија до Пимен: Ако сакаш да си политичар, чесно е да ја соблечеш мантијата

Стевананџија до Пимен: Ако сакаш да си политичар, чесно е да ја соблечеш мантијата

Поврзани вести

Пратеникот Димитар Стевананџија преку социјалната мрежа Фејсбук упатува како што вели, неколку добронамерни пораки до владиката Пимен.

Прво, не ти личи како свештено лице, а најмалку како владика секојдневно да се препираш со кој ќе стигнеш. Едно време се препираше со ВМРО-ДПМНЕ, сега со Тодор Петров, а попат и со илјадници граѓани кој не мислат како тебе. Свештено лице си, плус владика, а не си ни новинар, ни политичар, ниту аналитичар. Ако не си задоволен од работата како владика чесно е да ја соблечеш мантијата и да отидеш во политика, искажувајќи политички ставови, секој ден, па може да се пробаш и на избори, и доколку те изберат смени нешто, тогаш ќе имаш легитимитет за тоа. Ако сакаш може да отидеш и во СДСМ, или некоја друга партија, ама и владика и политичар не бива истовремено. А јавно се збори дека пред да се запопиш си бил во некој месен комитет на ВМРО ДПМНЕ во Ресен или таму некаде, пишува Стевананџија.

-Ако повторно се одлучиш за политичар, ќе видиш колку луѓе ќе те следат и ќе гласаат за тебе. Да се соочиш со реалноста, со твојот личен авторитет. А ваков каков си сега, потсеќаш на оние дедовците, старите од Мапед Шоу кој се нешто се расправаа, не правеа и не менуваа ништо. А Владика си. МПЦ-ОА има многу проблеми. Од непризнаена црква, до внатрешен раскол во синодот кој стана и јавен преку јавните препукувања и обвинувања на владиците меѓу себе, од аферите за финансиски проневери, до изгубеноста на МПЦ во општеството. Од скандал во скандал влегувате. Твоето однесување е како да ги решивте сите проблеми кај вас во сопствениот двор, па сега државата и политиката ќе ја оправате. Секој ден се повеќе со таквите изјави ја рушиш сопствената и колективната слика за она што им е значајно на граѓаните. Ако толку сакаш да си актуелен по медиумите, ако си станал зависен од тоа да те има во јавноста секој ден смисли нешто попаметно што му лични барем на едно свештено лице, ако веќе не можеш да смислиш нешто достојно за владика.
И на крај, гледам многу си мераклија да се правиш со сила жртва. Демек крстот си го носел, те плукале, а ти демек не си возраќал…прилично инфантилно. Ниту некој те доживува како жртва, ниту со овие смешни обвини за глумење на жртва и светец некој те зема за сериозно. Ќе се закачиш со пола, ако не и со цел народ, ќе кажеш нешто недоветно, па ќе те распукаат повратно еден куп на луѓе со одговори на твоите неотесани ставови, па кога немаш каде, ајде правење на жртва како најсигурно засолниште. Дај те молам порасни созреј за улогата која треба да ја имаш и носиш. За ова има одговорност и Архиепископот што вакви недоквакани незрели личности ги намести за владици. Дали за да може полесно да си ги мота како што сака, и да е интелектуално надмоќен над нив, дали му се некоја негова нова погрешна проценка не знам, ама треба да знае дека јавните настапи на ова дереџе одат и на негова штета. Тој ги донесе во синодот на МПЦ и никој друг. И така свој простор добиваат егзибиционисти како Пимен кој заради експонираност во јавноста е спремен на се, па и гол да претрча ако треба, а камо ли да се прави мудар за да ги воодушеви тие кои сака да му се воодушевуваат, оние кои се нарекуваат интелектуалци од левицата. Пимен е реакција на реакцијата, додава пратеникот во својот статус.

Најчитани вести