вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Стевананџија: СДСМ нема да се спаси од народната казна!

stevanangija-2

Последни вести

На денешната седница на Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија се обрати во реплика кон Сугарески од СДСМ.

-Колега Сугарески, господинот Адеми пред 20 минути ви ја кажа вистината. Крстете се во ДУИ, ве спаси од фијаско, ве спаси од катастрофа, ве спаси од народната казна, од големата народна казна, со овие зборови Стевананџија ја започна својата реплика кон Сугарески од СДСМ.

Во продолжение Стеванаџија додаде дека и после се СДСМ и Заев го имаат најкатастрофалниот рејтинг досега. Но, порача дека СДСМ нема да се спаси од народната казна.

-Единствената причина зошто е тоа така, е поради тоа што удривте по се, буквално по се, по се што сакаа и оправдуваа македонските граѓани, направивте луѓето да се згрозуваат и бегаат од вас, внесовте раздор и немир во нашата држава, по припадниците на МВР, по нашите комшии, по нашите роднини, по новинарите, по децата бегалци од Егејска Македонија, по професорите, по македонската култура и историја односно удривте по се’ во оваа држава, потенцираше Стевананџија.

На крајот, Стевананџија рече дека СДСМ имале една цел која за среќа не успеала, а тоа е да ја крахираат економијата на државата. Тој додаде дека во изминатиов период голем број на стопанственици ја осетија намерата на СДСМ и видоа дека СДСМ работи против интересите на  македонските граѓани.

Имено, на денешната собраниска седница беа констатирани оставките на министрите и заменици министрите од СДСМ. На чело на министерството за внатрешни работи повторно застана Митко Чавков, а на Министерството за труд и социјална политика, Диме Спасов. Исто така на оваа седница Собранието ги усвои измените во Изборниот законик и изгласа да нема избори на 5. јуни.

Најчитани вести