вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 53

Стевананџија: СДСМ постојано си создава непријатели во Македонија

stevanangija

Поврзани вести

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на вчерашната собраниска седница каде  се дискутираше за Извештајот за напредокот на Македонија од Европската Комисија, ги запраша пратениците од СДСМ за кои и какви стандарди тие се залагаат и сакаат да ги имплементираат во Република Македонија.

„Кои се тие европски вредности кои сакате да ги имплементирате? На пример во Законот за медуими, сакате да поставите човек кој што по негов вкус ќе ги регулира медиумите и ако малку не се согласува со некоја програмска шема, ќе се затвори тој медиум?!”, истакна пратеникот Димитар Стеавнанџија.

Потоа тој се осврна и на односот и скандалозната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев, во врска со медиумите во Република Македонија.

„За какви европски вредности зборувате? Вие се декларирате како политичка партија чиј главен и основен непријател и се медиумите. Па тука е разликата меѓу вас и нас. Ние имаме само еден непријател во Република Македонија, а тоа е невработеноста, со која успешно се справуваме и постојано ја намалуваме. На вас очигледно ви се непријатели сите, бизнисмени, студентите, здравствените работници, тутунарите и на крајот и медиумите. Очигледно, вие немате пријател, затоа и губите 10 пати по ред”, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Стевананџија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на крајот упати и апел до пратениците од СДСМ да ја сменат реториката на говорење бидејќи, како што рече тој, не е ВМРО-ДПМНЕ тој што нема препорака, туку Република Македонија нема препорака, а тоа сме сите ние. Тој исто така посочи дека единствената пречка која ја оневозможува Република Македонија сиве овие години да ги започне преговорите со Европската Унија и покрај сите реформи и покрај добиените седум препораки за почеток на преговорите со ЕУ е токму проблемот со името и тоа од СДСМ многу добро го знаат.

Најчитани вести