Стевананџија: Зошто СДСМ не сака чисти избори?

Пратеникот Димитар Стевананџија потсетувајќи ја јавноста на хронолошкиот развој на аферата со фалсификувани лични карти, јавно праша зошто СДСМ несака да се исчисти од срамот кој и го донесе Фабриката за афери. Тој ги праша колегите од СДСМ зошто не помогнат да се реши аферата за да може да имаме избори без дамка.

Саздов: СДСМ несака вистината да се открие

Пратеникот Павле Саздов повлече паралела –  анкетната комисија за прислушувањето треба да ја утврди одговорноста на политичарите, истото треба да го стори и анкетната за фабриката за афери на СДСМ.

Тој ги обвини пратениците на опозицијата дека го попречуваат работењето на анкетната која тие сакаа да се формира, а го попречуваат формирањето на втората анкетна. Саздов заклучи дека СДСМ несака вистината да се открие ни во првиот, ни во вториот случај.