Колумни

Стевче Јакимовски и Црвените Кмери од СДСМ-Карпош

Стевче Јакимовски и Црвените Кмери од СДСМ-Карпош

Црвените кмери или што би рекле Французите Кмер Руж историјата, хронологијата и фактографијата ќе ги нарече дека се доследни на марксистичко-ленинистичката ултра радикална социјалистичко комунистичка идеологија, предводени од Пол Пот крвник со сите димензии, а во која голема улога имал и големиот култоролошки манипулативен и реформски лажлив лидер на Народна Република Кина, Мао Це Тунг.

Овие луѓе убивале за спротиставувањето на принципите кои биле воспоставени од типот фризура, облека, чешле, однесување во друштво итн. различна од онаа што ја препишале припадниците на црвената буржоазија која владеела со нивната земја или со соседните земји спонзори на оваа идиотска комунистичка творевина со нејзината аграрна реформа, која треба да се спротистави на надмената хегемонистичка демократија која доаѓа од заблудените западњаци. На крај промоторите заедно со сопругите завршиле благоречено и добро со само обична смрт иако имало заговарачи да страдаат во најголеми физички и психички маки.

Црвените Кмери како идеологија и практика која се применува во нашата држава е болест.

Но, ние нормалните граѓани со децении не сме знаеле и сме живееле во апсолутен информативен човечки мрак дека синдромот на болеста, а воедно и нејзини припадници и претставници постојат во нашите редови најмногу сконцентрирани во наследниците на СКМ. До 1990 година додека едни биле кодоши за паричка на политичките табори на кои припаѓале и кои се лустрираат годиниве, други се припремале да станат камелеончиња кои 24 години ќе обвинуваат, озборуваваат и душевно ќе Ве продаваат дека сите се криви само они се исправни. Инаку болеста се прифаќа преку допир или преку разговор подолг од 15 секунди.

Ќе Ви дадам неколку примери како функционира еден класичен Црвен Кмер со педигре, кој своите другари, а богами и другарки ги вметнал во бившото или сегашното раководство на СДСМ:

  1. Бранко Црвенковски е најкрив што ние губиме 8 години зошто нон стоп е пијан, а им раскажувале и дека е пак под дрога, а во исто време кога е лидер со солзи во очите му бараат да ги омажи за добри бизнисмени кои во блисково минато се возбудуваат на градбите на Груевски;
  2. Зоран Заев е најобично сељачиште од Струмица  кое незнае да збори странски јазик, иако оговорачов како човек задолжен за меѓународна соработка, нема талент ниту намера да го троши своето време на типови како Борис Тадиќ, Зоран Милановиќ, Тони Блер или пак Реџеп Таип Ердоган, зошто нема време и сега мора да се возбудува со сопругот на градбите на Груевски, и плус ја најави Бомбата за прислушкување насекаде, поради Македонија де;
  3. Александар Маниќ-Манда не смее да дознае дека токму Трифун Трифуновски како претседавач ја спроведе одлуката дека треба да се има две лични карти од Општина Карпош за да не може да си го запише својот син Петар во најблиското основно училиште, но Маниќ исто незнае дека овој метузалем кој живее на 30 метри од Општината 30 години земаше надоместок за патни трошоци. Додека Манда се лути метузалемов на 75 години вика уште малку па Вие младите треба да го превземете СДСМ

Но, нема само Црвени Кмери во редовите на СДСМ, туку такви имало и во ГРОМ , па дури и во медиумите што секој месец добиваа пари од новопечениот фашист Стевчо, па ги започнуваат најмизерните кампањи:

  1. За Стевче Јакимовски измислија приказна ќе оди амбасадор за да си го спаси сопствениот задник од апсење бидејки должи 10 милиони евра и во исто време да половина од школите во општината заедно со синовите си ги однесат дома, а прозорите да му ги дадат на Сашо Лазаревски. Нели?
  2. Маринко Роквиќ, легенда на балканската песна, пеел пред празен плоштад и потрошил пари од граѓаните. А додека Дуфе Кукоски дреме у партискиот штаб Андреј Жерновски има намера да си даде оставка? Нормално не.

Но, иако идат вакви кампањи кои се со безрезервна безработничка помош од заспаниот сектор за односи со јавност на Општина Карпош иам етичка и морална одговорност да пренесам неколку информации во моето 18 годишно познавање со Стевчо Јакимовски и да можеби помислам дека сум релевантен извор, за случки на кои сум бил присутен:

  1.  1996 година како кандидат за градоначалник на Карпош не ги продаде гласовите на тогашната опозиција. Сведок: Звонко Солтиров;
  2. 1998 година откако го сместија во изборна единица 96 не ги продаде гласовите во вториот круг. Сведок: Стевчо Божиновски-Штеф;
  3. 1999 година заедно со Ангелка Пеева им соопштија на Стојан Андов и Ристо гуштеров дека имаат проблеми со карактерот и со парите;
  4. 2000 година како кандидат на ЛДП заедно со Ангелка Пеева суперсонично ја добиваат Општина Карпош на избори;
  5. 2003-2006 Самиот СДСМ го прогласува во своите медиумски редови дека е позитивниот политички булдожер кој донесе и спроведен 4 закони. Пример: Закон за Трговски друштва;
  6. 2007 Губи на изборите за претседател на ЛДП и е политички деградиран како координатор за Центар Жупа;
  7. 2008 ја започнува кампањата „Да се врати Стевче во Карпош“, која кулминира со победа во 2009 како кандидат на ЛДП;
  8. 2009 после сите навреди од Јован Манасиевски, одлучува со следбениците на Млада Прогресивна Странка да преминат во СДСМ. Сведок: Наташа Николовска;
  9. 2013 заедно со сите вработени на Општина Карпош носи Храбра одлука и излегува смаостојно на избори и повторно со Ангелка Пеева суперсонично победува на локалните избори;

На крај за сите политички и образавно неписмени Црвени Кмери кои Ве знаат и се уфрлиле во редовите на ГРОМ за да си ги заштитат своите финансиски домашни буџети, а богами и за големите аналитичари од самиот ГРОМ кои предвидуваа 100.000 гласови. Бранко Црвенковски во 2013 имаше само една идеја да неговиот кандидат влезе во вториот круг, за да убедливо победи во 2014. Кој разбира политика веднаш ќе расчисти со кмерите, а јас како човек, ако мојата ќерка некогаш има сопружнички однос со еден кмер ќе си ја пеам од Синан Сакиќ – „Од Кад си Отишла са њим све је постало пепео и дим“.

П.С. И покрај сите препораки, Јас Виктор Грозданов со л.к.А0132902 немам никогаш намера да го гледам лицето Стевче Јакимовски како поле за зголемување на мојот домашен финансиски буџет.

Авторот е независен медиумски работник