Штиглиц: Кризата во еврозоната не е надмината, а ситуацијата во Грција ќе се влоши

Штиглиц: Кризата во еврозоната не е надмината, а ситуацијата во Грција ќе се влоши
Штиглиц: Кризата во еврозоната не е надмината, а ситуацијата во Грција ќе се влоши

Економската криза во еврозоната не е надмината, а ситуацијата во Грција ќе се влоши, предупреди познатиот американски економист и нобелист Џозеф Штиглиц.

Наспроти неодамнешното спасување на Грција со нова финансиска помош, Штиглиц оценува дека кризата во еврозоната не е надмината и дека ситуацијата во Грција ќе се влоши дополнително, додека во други земји во криза нештата ќе се движат малку подобро.

Во интервју за германскиот економски весник „Ханделсблат“ американскиот економист го критикува Министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле.

Еден економист би сфатил, дека политиката на штедење на крајот се покажа фатална. Но, Шојбле не е економист и настојува, дека земјите треба да ги почитуваат правилата. Но, кога правилата се погрешни, тогаш тоа може да има катастрофални последици, предупредува поранешниот главен економист на Светската банка.

Џозеф Штиглиц, исто така, се изјасни и против зголемувањето на каматите од страна на федералната банка на САД.