четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 31

Стихови од македонски поети објавени во бугарско списание

Латинка Златна е составувач и преведувач и на петојазичната антологија „Гласови на Балканот“, објавена во 2016 година, каде се застапени поети од Македонија

knigi

Последни вести

Во новиот број на бугарското електронско списание „Светлина“ (Сияние) објавени се стихови од македонските автори Љубинка Донева, Петко Шипинкаровски и Тоде Илиевски.

Списанието го уредува Марија Герасова-Спасова, независен новинар од Пловдив, а претставувањето и изборот од поетското творештво на Донева, Шипинкаровски и Илиевски го направи бугарската поетеса Латинка Златна алијас Алтенка Сапунџиева од Ловеч, Бугарија.

Латинка Златна е составувач и преведувач и на петојазичната антологија „Гласови на Балканот“, објавена во 2016 година, каде се застапени  поети од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, како и на Алманах на современата македонска поезија – избор од творештвото на македонските поети Борче Панов, Васил Тоциновски, Зоран Јакимоски, Љубинка Донева, Марина Мијаковска, Марта Марковска, Петко Шипинкароски, Ристо Јачев, Славчо Ковилоски, Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Христо Петрески.

Најчитани вести