Стилот на Барса не му одговара на Неимар

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Дунга е убеден дека стилот на игра кој го форсира каталонскиот гигант Барселона не му одговара на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар.

„Неимар е од голема важност за Бразил. Фокусиран е во сите 90 минути, игра добро, редовно ја тресе противничката мрежа. Многу важен фудбалер за Бразил иако има само 22-години. Им помага на соиграчите, постојано креира нова шасна, редово асистира. Неимар ја прави потребната разлика. Постои голема разлика помеѓу Неимар во репрезентативниот дрес на Бразил и Неимар како фудбалер на Барселона. Неимар сака да дрибла, да си поигрува со противничките фудбалери, да игра офанзивно, да напаЃа, а Барселона игра фудбал со едно додавање. Неимар ја има потребната слобода кога игра за Бразил”, изјави Дунга.