Штип ќе добие најсовремена клиничка болница

Камен-темелник за изградба на новиот објект на Клиничката болница ќе биде поставен денеска во Штип.

Министерството за здравство соопшти дека станува збор за изградба на нова најсовремена клиничка болница во Штип, според врвни светски стандарди со најмодерна и најквалитетна здравствена инфраструктура во Македонија.

– Изградбата на новиот објект ќе овозможи современи услови за здравствена заштита за над 200.000 жители од Штип и целиот Источен регион, кои ќе имаат директен бенефит од изградбата на новиот објект, соопшти ресорното Министерство.

На поставувањето камен темелник е најавено присуство на министерот за здравство Никола Тодоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.