Македонија

Стипендии ЕКСПО-Study abroad 2015: Повеќе од 1.000 млади пријавени за студирање во странство

Стипендии ЕКСПО-Study abroad 2015: Повеќе од 1.000 млади пријавени за студирање  во странство

Најмалку 1.000 студенти и средношколци го посетија денешниот настан посветен на можностите за студирање во странство „Стипендии ЕКСПО-Study abroad 2015” .

ekspo-3

На лице место младите имаа можност директно да комуницираат и да аплицираат за добивање стипендии на вкупно 17 универзитети-учесници од 7 седум различни држави кои имаа свои преставници на годинашниот настан. Станува збор за парцијално стипендирање, односно младите се запознаа со програмите за делумно стипендирање што ги нудат врвните универзитети од Канада, Италија, Шпанија, Франција, Бугарија, Грција, Америка.

ekspo-1

Можноста за студии во странство не е секогаш овозможена и е секогаш во корелација со семејната финасиска состојба. Во тој момент од особено значење се стипендиите и бројните финансиски поддршки кои можат да помогнат и да овозможат студии во странство. ЕАС Скопје се обидува да овозможи сите овие можности да ги приближи до академската популација во Македонија преку бројни соработки со високообразовните институции од светот, рече Маја Петрушева, менаџер на Едукативниот советодавен центар, кој го организира настанот.

Инаку, настанот се организира шеста година по ред, и од година в година бројот на апликанти расте енормно. Во просек, годишно, од сите кои успеваат да поднесат апликации, од 60-80 проценти заминуваат да студираат во странство.

ekspo-2

Досегашното искуство покажа дека најголем број идни студенти се заинтересирани за Политехнички универзитет од Милано како и универзитетот Католика од истоимениот град, но годинава најмногу посетители имаше на штандот за информации за студирање во Канада, односно Ашбури колеџот и Хумбер институтот за технологија и напредно учење.

Годинава, настанот се организира под покровителство на универзитетот Католика од Италија, Швајцарска едукативна групација и Американ колеџ-Солун, Грција.