„Стипендии ЕКСПО“, информации за стипендрање студенти

Образовно-информативен центар“- Скопје денеска ја организира петтата по ред манифестација „Стипендии ЕКСПО“ каде на едно место се презентираат голем број можности за стипендирање и други форми на финансиска помош за студирање на многу странски и домашни универзитети.
Сите заинтересирани граѓани од Македонија и идни студенти на манифестацијата ќе можат одблизу да се запознаат со потребните услови за добивање стипендии, но и да стапат во комуникација со избраните установи, најважниот чекор во натамошната соработка за добивање стипендија.
Оваа година земја – поддржувач на манифестацијата е Италија, претставена преку италијанската амбасада во Македонија, односно амбасадорот Ернесто Масимино Белели. Поддршката од оваа земја е од големо значење имајќи го предвид фактот дека во моментот Италија е земја – претседавач на Европскиот совет во рамките на Европската Унија.