Стипендии од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН за студенти на ФЕИТ

Четиринаесет стипендии од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН ќе добијат студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Стипендиите ќе им бидат доделени на студенти од прва година на електроенергетските насоки, а свеченоро доделување ќе биде утре со почеток од 12:00 часот, во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Стипендии од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН за студенти на ФЕИТ
Стипендии од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН за студенти на ФЕИТ

Покрај споменатите стипендии од ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, ФЕИТ свечено ќе додели уште и награди и пофалници за најдобрите студенти кои учебната 2013/2014 година ја завршиле со успех 9 и над 9.

Стипендиите на студентите ќе им ги доделат деканот на ФЕИТ и претставници на компаниите АД ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.