Стипендии за 14 студенти на ФЕИТ

Стипендии ќе им бидат доделени денес на студенти од прва година на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ.

Се доделуваат 14 стипендии од компаниите АД ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, ЕВН-Македонија и АД МЕПСО – Македонски електропреносен систем оператор.

ФЕИТ истовремено ќе додели и награди и пофалници за најдобрите студенти кои учебната 2013/2014 ја завршиле со успех 9 и над 9.

20 целосни стипендии за студенти на филмската академија во Охрид

Од оваа година во Охрид се отвора филмска академија. Институтот за филм ќе биде придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Воедно МОН доделува 20 целосни стипендии за студенти на оваа академија.

spiro-ristovski

-Со отворањето на филмската академија во Охрид, се заокружува еден подолг процес од неколку години. Оваа идеја произлезе од 2008-ма година кога премиерот Груевски беше во официјална посета на Чешка и го разговор со премиерот на Чешка, беше побарано Филмската академија во Прага, која е една од петте најстари академии во светот, да отвори дисперзирани студии или да оствари соработка со македонски високообразовни институции. Денес официјално го објавивме стартот на филмската академија со двете катедри за сценарио и продукција кои ќе бидат од исклучително значење бидејќи ќе се работи по акредитирани програми кои се целосно превземени и адаптирани од филмската академија во Прага, истакна заменик министерот за образование и наука во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека студентите на филмска академија од денес до 4 октомври ќе може да аплицираат. На официјалната интернет страна на академијата е поставена апликација која заинтересираните треба да ја пополнат.

-По аплицирањето, Комисија од професори кои ќе бидат ангажирани од страна на филмската академија ќе ја направата селекцијата на 13 и 14 октомври. Некаде во ноември се очекува отпочнување на работата по однос на студиските програми кои оваа година се сценарио и продукција, додаде Ристовски.

Тој посочи дека од идната година се очекува проширување со дополнителни две катедри на оваа академија. Во насока на поддршка, МОН ќе доделува 20 стипендии, по десет за сценарио и продукција, на студентите.

Македонците може да аплицираат за Чивнинг стипендии

Македонците може да аплицираат за Чивнинг стипендии. Овој тип стипендии се доделуваат на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство.

Талентираните професионалци од разни области од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Република Македонија имаат можност да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање, спонзорирана од британското Министерство за надворешни работи и Комонвелт, пренесе МИА.

Како што информира Британската амбасада во Македонија, Чивнинг стипендијата се доделува на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство. Оваа стипендија нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година од септември 2016 година. Заинтересираните лица имаат можност за аплицирање до 3 ноември 2015 година.

Македонците може да аплицираат за Чивнинг стпендии

Стипендиите се доделуваат за едногодишни магистерски студии на повеќе предмети на водечки британски универзитети.

Условите што заинтересираните кандидати е потребно да ги исполнуваат се следните: да се државјани на земја за која се отворени Чивнинг стипендии и да планираат да се вратат назад по завршувањето на студиите и да имаат додипломски студии на ниво на „upper second-class honours“ според британската класификација на образование.

Лицата треба да биле работно ангажирани најмалку две години пред да аплицираат за Чивнинг стипендија, да исполнуваат минимум услови за познавање на англиски јазик според критериумите на Чивнинг и да немаат пречки за добивање на виза и да добијат неусловена понуда од Британски универзитет.

Кандидатите за повеќе детали за роковите за аплицирање и за приоритетните области на студирање, може да се информираат на  www.chevening.org

Во 2015 година се доделени стипендии на девет кандидати од Македонија кои ќе имаат можност да студираат на универзитети во Обединетото Кралство.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.