Стипендии за додипломски и пост-дипломски студии во Руската Федерација

Во тек е конкурс за доделување на 25 стипендии наменети за македонските граѓани, за редовни додипломски и пост-дипломски студии во Руската Федерација, за академската 2015/2016 година.

Како што информираат од Министерството за образование, стипендиите ги доделува Владата на Руската Федерација. Избраните стипендисти ќе добиваат месечен паричен надоместок, во висина на стипендијата на руските студенти во соодветната категорија, но и еднакви услови и цена за сместување во студентските домови како и руските студенти.

Пријавувањето трае до 18 март 2015 година, а повеќе информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука www.stipendii.mon.gov.mk, како и на интернет страницата на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, www.russia.org.mk.