недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Стипендии за краткотраен престој во Обединетото Кралство

velika-britanija-da-ostane-vo-eu-a-london-golem-finansiski-centar-221564

Поврзани вести

Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) е непрофитна организација која доделува стипендии на истакнати студенти на последипломски студии од земјите на поранешна Југославија за краткотрајни студиски престои во Обединетото Кралство, информира Министерството за образование и наука на сајтот http://stipendii.mon.gov.mk

Овој фонд за првпат е воспоставен по Првата светска војна и до денеска, средствата се користат за поддршка на младите луѓе од поранешна Југославија за стекнување на специјализирано образование во Обединетото Кралство.

Стипендиите се доделуваат во форма на грантови за престои од 1 до 3 месеци и тоа за студенти кои ќе предложат соодветни истражувачки проекти во Обединетото Кралство.

Во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Лондон, Британскиот фонд за стипендии известува дека посебен акцент ќе се стави на апликациите од Република Македонија при доделување на грановите за учебната 2016/2017 година. Се охрабруваат сите последимплоци кои сакаат да ја продлабочат својата истражувачка работа да се пријават за стипендија од Британскиот фонд за стипендии. За повеќе детали, следете ја страната: http://www.britishscholarshiptrust.org.

Исто така, во најава се посебни стипендии за студенти од Република Македонија “Грем и Пеги Рид”, кои фондот ќе ги воспостави по желба на сопружниците Рид. Имено тие имаа долгогодишна успешна соработка со Република Македонија и придонесоа за ширење на македонскиот јазик и литература надвор од границите на нашата држава. И за овој тип на стипендии, повеќе детали ќе бидат достапни на http://www.britishscholarshiptrust.org.

Најчитани вести