Македонија

Стипендии за магистерски студии по јавно здравство во Израел

Стипендии за магистерски студии по јавно здравство во Израел

Министерството за образование и наука информира дека Израелската агенција за развој на меѓународната соработка (MASHAV) во соработка со меѓународни фондации и донаторски организации, за наредната 2014/2015 академска година доделува стипендии за студии од втор циклус на Интернационалната магистерска програма за јавно здравство (IMPH) на реномираната Браун Школа за јавно здравство и медицина при Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим, Израел.

Програмата се реализира во времетраење од една година, на англиски јазик, а понудените стипендии ги покриваат трошоците за школарина, основните животни трошоци, здравственото осигурување, административните трошоци, како и дел трошоците за стручна литература.

Квалификувани да се пријават се оние кандидати кои завршиле додипломски или постдипломски студии од областа на медицината, стоматологијата или во некои од основните биолошки или општествени науки поврзани со здравството.

При селекцијата во предвид се зема и практичното искуство во Јавното здравство како и академските достигнувања на кандидатот, кој треба да поседува и добри компјутерски вештини.