Стипендии за најдобрите студенти, специјализации за македонските лекари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Куманово порача дека владата ќе продолжи да им доделува стипендии на најдобрите македонски студии, но воедно ќе продолжи со спроведувањето на обуката на македонските лекари.

„Ветуваме стипендии за македонските студенти кои ќе се запишат на студии на некој од првите 100 универзитети во светот или на некои од техничките науки од првите 200. Целосни стипендии за овие студенти, со само еден услов, по завршувањето да се вратат, работат и живеат тука во Македонија. За средношколците ветуваме поголем број и различни видови стипендии. За сите студенти ветуваме бесплатен викенд карта за железнички превоз еднаш месечно, бесплатен железнички превоз секој четврток и бесплатна посета на кино, музеј и театар секој четврток“, потенцираше Груевски.

Во новата програма „Проверено“ предвидено е континуирано спроведување на обуките на македонските лекари. Освен што секоја година по 1000 лекари ќе бидат испратени на различни обуки за стекнување на нови вештини, најмалку 70 лекари од Македонија ќе добиваат спезијализации на најпрестижните универзитети во светот.