Стипендии за стручно усовршување во Грција, Русија и Унгарија

Македонските студенти во следниот период имаат можност за стручно усовршување во Грција, Русија и Унгарија, соопшти денска Министерството за образование и наука.

Во Грција преку Државната фондација за стипендии, на студентите им се нудат 20 стипендии за докторски и постдокторски истражувања, додека Рускиот државен универзитет од Санкт Петербург доделува стипендии за редовни додипломски, постдипломски или докторски студии за академската 2014/2015 година.

Студентите имаат можност да се пријават и за целосна стипендија на Унгарскиот карпатски летен факултет, кој го организира Факултетот за науки Еотвош Лоранд од 8 до 13 јули. Факултетот е организиран во четири различни модули – правни науки, природни науки, хумани науки и информатика.

Крајниот рок за пријавување за стипендиите во Русија и летната школа во Унгарија е 15 јуни, додека електронските пријави за студиските стипендии во Грција треба да се достават најдоцна до 16 јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.