Штипјанец дивеел во Скопје, Алфите го совладале

Штипјанец дивеел во Скопје, Алфите го совладале
Штипјанец дивеел во Скопје, Алфите го совладале

Штипјанецот  З.М. (32) од вчера од засега непознати причини почнал да крши стакла од зграда во центарот во Скопје, во близина на студентскиот дом. Откако инцидентот бил пријавен во полиција, пристигнала патрола на „алфите“, која тргнала во потера по него. Тој повреден почнал да трча кон трговскиот центар „Рамстор“ и влегол во една од кулите, каде што почнал да крши стакла од кат на кат.

„Алфите“ се обиделе да го совладаат, но тој им се заканувал држејќи две големи парчиња скршени стакла во своите исечени раце. Двајца полицајци испукале по еден предупредувачки куршум, по што почнала брканица по скалите. На последниот кат штипјанецот бил совладан и веднаш бил однесен во болница за да му биде спречено обилното крвавење.

Полицијата информира дека против штипјанецот ќе бидат поднесени неколку кривични пријави.