Штипјанец најден мртов во својот стан

Жител на Штип во неделата вечерата бил пронајден мртов во неговиот стан, а засега не е позната причината за неговата смрт.

Според минисертсвото за внатрешни работи, 55-годишниот К.Г. во неделата околу 20,15 часот бил пронајден починат во сопствениот стан на улицата „Стојан Гологанов“.

Од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител, лекар патолог и увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на обвинителот телото на починатиот е предадено за обдукција.