Штипјанец се соблекол пред малолетнички и ги повикувал да дојдат

Додека четири малолетнички додека вчера околу 14:15 часот биле во дворот на средното општинско училиште во Штип, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него.

По преземени мерки, полициски службеници од слобода го лишиле И.А.(36) од Штип. Тој бил приведен во Полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот,  против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“, казниво по  член 190  од К.З на РМ.