Штипјанец се удави во Индискиот Океан

штипјанец

Од македонското министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но се уште нема информации како настапила смртта.

Медиумите пишуваат дека штипјанецот бил поранешен припадник на вооружените сили на АРМ.

Во соопштение од корејската компанија „ХГС Кореа“, на чиј брод наменет за превоз на стоки се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот океан во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивен вработен, еден од неколкуте Македонци кои го обезбедувале бродот од таканаречените морски пирати.

Се очекуваат повеќе информации од МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.