Штипјани излегоа на марш „За заедничка Македонија“

Миа Ефремова претставник од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ –Илинден Четврти рече дека како млад човек нема ништо против различностите, но, како што рече, не на овој начин со затворени врати, со одлуки за промени кои не се во полза за иднината на младите во Република Македонија.

– Иако сметам дека различностите не зближуваат и треба да ја градиме својата иднина заедно, сепак сме граѓани на Република Македонија и не смееме да дозволиме ова да ни се случува и да останеме индеферентни, како младина, која се бори за сопствените права и сака да ја продолжи својата иднина во ова држава, рече Ефремова.

Во Штип протестите на „За заедничка Македонија“ се одвиваат мирно и без инциденти, а граѓаните велат дека за протестите дознале на социјалните мрежи и самоиницијативно учествуваат во нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.