Штипската полиција откри неколку крадци

Во текот на месецов штипската полиција откри неколку крадци и против нив поднесе кривични пријави.

Имено расветлено е кривичното дело „кражба“ извршено од пријавениот И.Р.(21) од Штип кој на 21.10.2015 година околу 18 часот користејќи згодна прилика  од незаклучена службена просторија на Клиничката Болница Штип одзел лап топ компјутер, со што причинил материјална штета од 13.000 денари.

Од страна на СВР Штип расветлено е и кривично дело „тешка кражба“ извршено  во временскиот период од 20.05. до 05.06.2015 година.

Пријавените штипјани А.З.(39) и Б.Д.(27) во наведениот временски период од стан на ул.„Партизанска“ во Штип со намера да се стекнат со противправна имотна корист со употреба на сила и подесен алат скршиле стакло на еден од прозорците од балконската тераса и со прекачување влегле во станот, извршиле пребарување и одзеле ЛЦД телевизор, камера, фотоапарат,блендер, миксер, парфеми и неколку шишиња алкохол, причинувајќи материјална штета од 33.800 денари.

На 30.10.2015 година пријавениот В.С.(43) од село Дорфулија, општина Лозово со намера да се стекне со противправна имотна корист со употреба на подесен предмет и сила делувал на влезната дрвена врата на подрумската просторија од куќа, сопственост на негов роднина влегол внатре и противправно одзел 94 литри ракија, причинувајќи штета од 14.000 денари.