Штипската Клиничка болница доби донација од 350.000 евра

Клиничка болница – Штип денеска доби донација од шведската невладина организација „Hand till hand“ во вредност од 350.000 евра.

Шведската невладина организација на Клиничката болница-Штип во март и донираше опрема и медицински материјал во вредност од 300.000 евра.

– Хуманитарната пратка се состои од хирушка операциска маса, операциски хируршки монитори за анестизија, неврохируршки инструменти, болнички кревети, ехо апарати, палета постелнини, пижами, електрични инвалидски колички и друг потрошен медицински материјал, рече изјави директорката на Клиничка болница – Штип, Елизабета Папарова.

Донатори на вредната медицинска опрема и материјал се брачниот пар Томас и Марија Розенгрен кои ја водат таа невладината организација, а воедно се и ктитори на малата црква која се гради во кругот на Клиничка болница-Штип.

– Се беше добро спроведено и од болницата беше документирано. Сакаме да работиме уште на вакви донации за Клиничката болница во Штип, рече Розенгрен.

Штипјанецот Алексадар Арсовски е линкот меѓу болницата и шведската невладина организација. Тој истакна дека веќе имаат доставено нова листа на барања, односно апарати и потрошен медицински материјал кој е потребен на болницата и изрази надеж дека наскоро ќе се обезеди и трета донација.

Новите кревети, електрични инвалидски колички и постелнина од денеска се распределуваат на одделенијата во болницата.