Штипски советник од СДСМ физички го нападнал директорот на ЈП „Исар Штип“

 

Директорот на ЈКП Исар Штип, Ангел Бојаџиев, откако ги образложил активностите на претпријатието, ги посочил и одредени функционери од СДСМ на локално ниво со име и презиме кои не ги плаќале комуналните давачки кон општина, кои се основни за работа на општинското комунално претпријатие.

Меѓу посочените бил и советникот од СДСМ Мики Тодоров, кој патем е и секретар на ОО СДСМ Штип, кој најпрво го попречувал директорот, а потоа и во ходниците на зградата на општината физички го нападнал и му нанел повреди, објави „Курир

Случајот е пријавен во полиција.

Од СДСМ Штип молчат за насилството на својот партиски функционер. Оваа не е првпат СДСМ во очај да напаѓа и тепа политички неистомисленици. Ова е начинот на кој СДСМ ја поима демократијата и демократските вредности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.