Штипскиот филилошки факултет додели награди за најдобрите есеи и цртежи на тема „Јазикот и неговата комуникациска моќ“

Филилошкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска свечено им ги додели наградите на учесниците од конкурсот за најдобар цртеж и есеј, а насловен „Јазикот и неговата комуникациска моќ“. Деканката на Филолошкиот факултет Драгана Кузмановска вели дека овој настан е дел од одбележувањето на 10-годишнината од постоењето на овој факултет.

„Интересот за овој конкурс беше голем, имаме многу учесници им благодариме на сите што зедоа учество и се надеваме дека оваа традиција и понатаму ќе продолжи. Ова е и доказ дека Филолошкиот факултет го негува својот мајчин јазик, вели Кузмановска.

Раководителот на катедрата за македонски јазик и книжевност на Филилошкиот факултет, Виолета Димова рече дека идејата за конкурсот насловен „Јазикот и неговата комуникациска моќ“ ја дале нејзините млади колеги, а на овој начин тие го промовираат мајчиниот јазик, но исто така и факултетот пред идните студенти.

Пристигнати се 139 есеи за македонски, околу 40 за англиски и 30 за останатите странски јазици.

Прашана колку младите знат правилно да го говорат мајчиниот јазик, но и да пишуваат, Димова смета дека изучувањето на македонскиот јазик во последните години е на некое пониско ниво.

„Не знам, зошто е тоа така, веројатно заради мислата, идејата дека мајчиниот јазик си го знаат по инерција и си го зборуваат, говорат. Меѓутоа радува фактот дека и тие што се малкуте, што се запишуваат на катедрата за македонски јазик и книжевност се трудат и сфаќаат дека всушност изучувањето на мајчиниот јазик, а како што јас умеам да им кажам многу често, е сличен на изучувањето како странскиот јазик, бидејќи граматиката колку и да мислиме дека ја знаеме, сепак треба да ја учиме школски, вели Димова.