четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 22

Штипскиот универзитет ќе го мери загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје и Тетово

goce delcev

Последни вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Блажо Боев денеска го потпишаа договорот за финансирање на проектот „Персонална експозиција на респирабилни честички на урбаната популација во Скопје и Тетово“ и „Мониторинг и мапирање на нивото на бучава во урбаните средини“, во вредност од 2,5 милиони денари.

– Денеска е потпишан договор со кој ќе се врши мерење на ПИ ЕМ чистичките за градовите Скопје и Тетово, вие знаете дека последните месеци, последната година неколку градови во државата беа со голем индекс на загадување. Ние имаме некои други анализи, но овие анализи ќе допринесат многу околу понатамошните постапки кои што државата, локалните власти и сите ние ќе треба да ги преземеме, рече Изаири, пренесува МИА.

Тој забележа дека со овој проект ќе се знае колкав е процентот на загадувачите на амбиенталниот воздух во овие два града, а како што рече, знаејќи ги тие точни проценти нема во јавноста да се шпекулира кој и колку влијае врз загадувањето.

Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев вели дека овој договор е од големо значење за универзитетот, бидејќи универзитетските професори од самото негово основање работата во оваа област, а ги имаат и најсовремените лабаратории за испитување во делот на животната средина.

– Со потпишувањето на овој договор, ние буквално влегуваме заедно со другите универзитети во една програма која што Министерството за животна средина има намера да ја прави во иднина, а тоа е поголемо вклучување на универзитетите и научните установи во она што значи животна средина и подобрување на животната средина за да граѓаните имаат подобра и поквалитетна, вели Боев.

Проректорот за наука на УГД-Штип, а воедно и шеф на катедрата за животна средина на Природно-Техничкиот факултет, Дејан Мираковски појаснува дека со реализирањето на овој проект ќе се утврди колкава е реалната изложеност на населението на загадувањето во различни активности.

– На пример население кое се движи со јавен градски превоз, население кое се движи со сопствени моторни возила, потоа тие што користат и велосипеди или пеш, значи нивната експонираност на амбиенталните честички. Овие мерења ќе бидат долготрајни на големи групи од населението и ќе ни овозможат да видиме дали, а што е и најчесто случај постои голема разлика меѓу амбиенталните концентарции и на концентрациите на кои што се изложени луѓето. Благодарение на нашиот начин на живот не секогаш ги следиме концентрациите на цврсти честички и не мора ако надвор е многу загадено истото да се пренесе и на насселението. Ние сакаме повеќе со овој проект да му овозможиме на министерството да донесува мерки во правец на непосредна заштита на населението во услови на зголемена загаденост, вели Мираковски.

Тој истакна дека овој проект ќе трае минимум една година, а ќе се вршат анализи во текот на летото кога нема карактеристични загадувања од греењето односно од биомасата и во текот на есената и зимата, кога населението користи греење, со цел да се добијата репрезентативни резултати. 

Ректорот на УГД, Боев најави дека како универзитет ќе работат и на проширување на сопствените контролни мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот, односно вакви станици покрај во Штип ќе бидат поставени во Струмица и Кавадарци.

Најчитани вести