Штитат од тумори, а ги фрламе во ѓубре

Можеби најчесто ги фрлате, но треба да знаете и дека листовите од морков во целост се употребливи. Тие се богат извор на витамини и минерали. Според некои лековити својства, листовите се полековити и од самиот корен.

Листовите од морков содржат повеќе витамин Ц ид коренот и витамин К од било кој друг зеленчук. Имаат детоскификациско дејство врз црниот дроб и на целото тело, а богато е со низа други минерали што дејствуваат позитивно на целиот метаболизам, како и а спречување на развојот на тумор. Имаат антисептичко дејство и се ефикасни против лошиот здив, воспалението на непцата и кај забоболката.

Листовите од морков можете да ги користите во салати и омлети. Чајот од листови од морков е одличен за чистење на организмот. Со оглед на лековитото дејствие овие листови се користат во соковите. Младите лисја одат одлично во комбинација со јаболко и друго овошје.

Подгответе сами ефикасен сок за детоксификација

Состојки:

Неколку млади стебленца со листови од морков

2 овошки (јаболко, круша…)

2 чаши вода

Organic Raw Carrot Juice
Organic Raw Carrot Juice

Сите состојки измешајте ги во блендер и испијте го свежо направениот сок.