Анализи

Стивен Хокинг – човек на силата, знаењето и хуморот

Стивен Хокинг – човек на силата, знаењето и хуморот

Човек со голема смисла за хумор, светски популарниот амбасадор на науката, британскиот физичар Стивен Хокинг, еден од најценетите и напознатите научници на модерното време секогаш настојуваше јавноста да има директен пристап до неговата работа, истакнуваат во средата светските медиуми по веста за неговата смрт на 76-годишна возраст.

Хокинг почина во својот дом во Кембриџ во средата рано утрото откако целиот живот се справуваше со невроедегенеративната болест амиотрофична латерална склероза која со времето целосно го парализираше, па комуницираше со вештачки глас и со движење на веѓите.

Научникот кој настојуваше да објасни некои од најкомпликуваните прашања на животот тоа го правеше откако целиот живот над него беше надвисната опасноста од веројатна предвремена смрт, пишува британската новинска агенција Reuters.

Од 1974 година работеше на поврзување на двата темела на модерната физика – Ајнштајновата теорија на релативноста, којашто се занимава со гравитацијата и појавите со големи димензии и Квантната теорија којашто се занимаа со субатомските честички. Како резултат на своите истражувања, Хокинг предложи модел на Вселената темелен на два концепта: стварното време, онакво какво што луѓето го оживуваат, и имагинарното време на Квантната теорија во коешто светот живее.

„Имагинарното време можеби звучи како научна фантастика… но тоа е стварен научен концепт“, напиша во едно од своите предавања, појаснувајќи дека стварното време може да се прикаже како хоризонтална линија во којашто на левата страна е минатото а на десната иднината, додека постои друг вид време коешто има вертикална насока. „Тоа се нарекува имагинарно време, бидејќи тоа не е време коешто нормално го доживуваме, но тоа е всушност, исто така, стварно како и стварното време“.

Хокинг го откри феноменот кој стана познат како Хокингово зрачење, а станува збор за своевидено „истекување“ на зрачењето од црните дупки и нивното исчезнување.

 

Младост обележана со тешката дијагноза

Стивен Хокинг е роден во Оксфорд на 8-ми јануари 1942 година. Неговиот татко, болог истражувач, се преселил во овој универзитетски град со неговата мајка за да ги избегне германските бомбардирања. Хокинг растел во Лондон и откако дипломирал физика на Оксфорд минал на докторски студии од космологија на Кембриџ.

Како тинејџер уживал во јавање и веслање, но на Кембриџ на 21-годишна возраст поставена му е дијагнозата на форма на невродегенеративна болест којашто со текот на времето потполно ќе го парализира. Додека се подготвувал за венчавката со својата прва сопруга Џејн Вајд во 1964 година, лекарите му давале најмногу две до три години живот.

Меѓутоа, болеста напредувала многу побавно отколку што лекарите очекувале. Двојката доби три деца – Луси, Роберт и Тим – и во 1988 година, иако Хокинг повеќе не можел самостојно да зборува туку користеше вештачки глас по трахеотомија, ја доврши книгата „Куса историја на времето“, лаички водич низ космологијата. Неговата книга неочекувано стана светски бестселер, иако никогаш не е јасно колку луѓе успеале да ја прочитаат до крајот, потсетува BBC. Книгата е продадена во повеќе од десет милиони примероци, а беше позната по епитетот „најпопуларната книга којашто не е читана“.

Научникот се појави во низа популарни телевизиски шоу програми и го „позајмуваше“ својот синтетизиран глас во многи прилики. Статусот на ѕвезда на Хокинг му беше признаен дури и во саркастичната телевизиска серија „Симпсонови“, каде е прикажан во бар како пие со главниот лик Хомер, при што нафрлува дека би можел да ја украде идејата на Хомер дека Вселената е во форма на продупчена крофна. Самиот се појави во епизода од хумористичната серија „Теорија на големиот тресок“ за животот на младите физичари во која најде грешка во работата на еден од главните ликови, а често беше цел и на шегите на ликовите од серијалот. Се појави, исто така, во епизода на серијата на BBC „Црвено џуџе“ како холограм на својот лик од телевизиската серија „Ѕвездени патеки“.

Легендарниот рок бенд Pink Floyd го користеше неговиот препознатлив вештачки глас како вовед во нумерата „Keep talking“ на нивниот албум „The Division Bell“.

 

Со импресивните капацитети го совладуваше ограничувањата од болеста

Хокинг беше познат по своите извонредни капацитети за визуелизирање на научните решенија без пресметка или обиди. Неговиот импресивен ум ги пробиваше границите на човековото спознание и разбирање како на беспатијата на Вселената и бизарниот субмолекуран свет на Квантната теорија за којашто сметаше дека може да предвиди што се случува на почетокот и на крајот од времето.

Неговиот труд опфаќаше дијапазон од потеклото на Вселената преку предизвикувачкото патување низ времето до мистериите на вселенските црни дупки кои голтаат. Но веројатно неговата „теорија на сето“ којашто сугерираше дека Вселената се развива според добро дефинирани закони привлече најмногу внимание. „Комплетниот сет закони може да ни ги даде одговори на прашањата како она како настанала Вселената? Каде оди и дали ќе има свој крај? Доколку е така, како ќе заврши? Доколку ги пронајдеме одговорите на овие прашања, стварно ќе го запознаеме Божјиот ум“, порача Хокинг.

„Беше голем научник и извонреден човек чијашто работа и наследсто ќе живеат со години. Неговата храброст и истрајност заедно со неговата брилијантност и хумор ги инспираат луѓето ширум светот“, порача семејството на Хокинг.

Непоколеблив и покрај тешката здравствена состојба, Хокинг продолжи да работи како професор по математика на Кембриџ на една од најпрестижните позции, а во 2001 година беше објавен и неговата втора книга „Вселената во ореовата лушпа“.

Веруваше дека неговата болест му донела некаква полза, велеше дека пред да се разболе му било здодевно во животот. Поради неговата состојба стана сé повеќе зависен од другите. Често ѝ оддаваше признание на својата сопруга којашто за него се грижеше повеќе од 20 години, па ги шокираше пријателите и роднините кога ја напушти поради еден медицинска негувателка со којашто се венча во 1995 година. Но и бракот со Елејн Мејсон заврши по 11 години во 2006 година.

 

Сомневања за злоставувања

До 2000 година Хокинг беше често во одделот за итна помош Еденбрук во Кембриџ каде што примал лекарска помош поради низа повреди. Полицијата спроведе истрага поради наводи дека со години трпел физико и вербално насилство, но не беа подигнати никакви обвинувања. Беше познат како непредвидлив, а речиси лекомислено управуваше со својата електрична количка, па беше упорен на тоа дека повредите не се последица од злоставување.

Во 2007 година стана првата личност со квадриплегија којашто ја искуси бестежинската состојба над Атлатникот во модификувано летало „Boeing-727“ специјално изработено да симулира бестежинска состојба. Објасни дека тоа го сторил за да го поттикне интересот за патувањата во Вселената.

„Верувам дека животот на Земјата е изложен на непрестајно растечкиот ризик од исчезнување поради катастрофа какви што се ненадејна нуклеарна војна, вештачки создаден вирус или други опасности. Мислам дека човечката раса нема иднина доколку не се отисне во Вселента. Оттаму сакам да го поттикнам интересот на јавноста за Вселената“, рече во таа прилика.

Во 2014 година филмот „Теорија на се“ е објавен врз основа на прикажуваата на Џејн Вајлд Хокинг за нивната врска и бракот. За Discovery Channel изјави дека е потполно разумно да се претпостави дека некаде на друго место постои интелигентен живот, но предупреди дека вонземјаните би можеле дм ја опустошат Земјата и да одат натаму.

Хокинг за тешката болест

Научникот во своата книга за тешката болест којашто му го одбележа животот, пишува како се чивствувал кога му е поставена дијагнозата.

„Чувствував дека тоа е неправедно: зоѓто тоа мене ми се случи? Тогап мислев дека мојот живот заврши и дека никогаш нема да го исполнам сето она што мислев дека можам. Но сега, педесет година подоцна, можам да бидам задоволен од својот живот“, напиша Хокинг.

Напиша дека пати од тешката болест речиси сиот живот, но оти тоа не го спречило да има семејство и да биде успешен во работата. „Тоа покажува дека никој не смее да ја губи надеждта“, порача.