Стивен Сигал со нетрпение го очекува руското државјанство

Холивудската ѕвезда Стивен Сегал не ја исклучува можноста за добивање на руско државјанство.

– Мислам дека руското државјанство е некаде на хоризонтот. Многу би сакал неколку месеци во годината да поминувам со пријателите во Русија, со луѓето кои тука ме сакаат и чекаат, изјави Сигал.

Тој истакна дека ја сака Русија, бидејќи има богата култура. Во исто време, тој додаде и дека во Сахалин има многу добар потенцијал за бизнис. Освен тоа, за него е привлечна локацијата на островот – во близина на Јапонија.

Актерот вчера пристигна во Сахалин, каде е гостин на шестиот меѓународен филмски фестивал „Крајот на светот“.