Што да правите ако некој ви остави УСБ стикче на ваша адреса

Минатата година една компанија направила истражување со кое сакала да открие што би направиле повеќето од луѓето ако пронајдата УСБ стик, па се докажало дека дури 20% од нив би го ставиле стикчето во нивниот компјутер за да ги проверат датотеките во него.

Друго истражување спроведено на Универзитетот во Илиноис на почетокот на оваа година покажало дека многу поголем број на луѓе биле љубопитни и ја прегледувале содржината на мистериозните УСБ стикови, дури 48% од испитаниците.

Додека во повеќето од УСБ стиковите се наоѓаат најчесто приватни податоци на невнимателни луѓе кои ги губат своите УСБ стикови и екстерни хард дискови, проверувањето на истите во некои случаи може да носи голема опасност.

Полицијата во Австралија ги предупредила своите граѓани дека доколку пронајдат ваков уред во нивното поштенско сандаче да не го проверуваат бидејќи може да содржи информации кои се опасни и можат комплетно да го уништат вашиот компјутер или да му наштетат на неговите податоци.

Во некои случаи љубопитноста е поголема од опасноста, па затоа многумина се решаваат на овој чекор и ги проверуваат УСБ стиковите. Се уште не се знае кој ги остава овие стикови, но ова покажува колку е опасно да се стават непроверени и несигурни УСБ стикови во вашиот компјутер. Шансите се, дека не секогаш некој ги губи своите работи, туку можно е намерно да се оставени за некоја личност да дојде и да го земе за да го провери на својот компјутер, а со тоа да му се овозможи пристап на хакерот до сите податоци кои се наоѓаат таму.

Меѓу другите опасности се и инфицирање со вирус, малвер или нешто слично со што може да го онеспособи вашиот компјутер, да ве шпиунираат или да снимаат со вградената веб камера без знаење на сопственикот.