среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Што е „дождовна бомба” – феноменот кој го зафати скопско?

Во текот на саботата дојде до продор на влажна воздушна маса од запад која придонесе за конвенктивно (вертикално) движење на воздушната маса, при што топлиот воздух од долните слоeви се издигнува во височина, каде се шири и разладува.

dozdovna-bomba-0810-1-520x293

Поврзани вести

Природниот феномен „Дождовна бомба“ кој го погоди Скопје е невообичаен за територијата на Република Македонија, но е чест феномен низ остатокот на светот каде доаѓа до мешање на топли и студени воздушни маси.

Како настанува т.н. „дождовна бомба“?

Во последниве неколку денови, територијата на Република Македонија беше под влијание на топла воздушна маса од Средоземното Море, која се одликуваше со високи дневни температури често над 35˚С, проследени со слаби суви ветрови и намалена влажност на воздухот.

Поради повеќедневното интензивно сончево зрачење, високите дневни температури и сувите ветрови, истите предизвикаа силно испарување на водата од реките, вештачките акумулации и вегетацијата, предизвикувајќи се поголемо акумулирање на водена пареа во атмосферата особено од Поречкиот регион и создавање на спарно време.

01

Во текот на саботата дојде до продор на влажна воздушна маса од запад која придонесе за конвенктивно (вертикално) движење на воздушната маса, при што топлиот воздух од долните слоeви се издигнува во височина, каде се шири и разладува. Притоа, водената пареа се кондезира и згуснува креирајќи облаци, во овој случај кулумунимбус, кој претставува моќен олуен облак кој се издигнува неколку километри во височина, пратен со голема влажност и силни вертикални струења.

Оваа дестабилизација движејќи се кон север, наиде на природна бариера односно на планината Скопска Црна Гора, недозволувајќи водената маса да се движи при што најголеми количества на врнежи се излачија на јужните падаини на планината и во град Скопје.

03

Колку е посилно вертикалното струење кај олујните облаци, поголема влажноста и колку вертикално е поразвиен облакот (неколку километри височина), толку доаѓа до намалување на температурата на воздухот при што настануваат силни конвенктивни врнежи, проследени со многу силни и зачестени грмотевици (во Скопскиот регион се регистрирани над 800 молњи) и креирање на феноменот „дождовна бомба“.

Овие врнежи се карактеризираат со исклучиво големо количество на воден талог кој може да изнесува неколку десетици милиметри на метар квадратен (1 мм = 1 литар вода на 1 метар квадратен), со кратко времетраење на врнежите и истите зафаќаат помали површини, како што беше делот од Скопската Котлина. Поради наглото менување на температурата на воздухот, но и на воздушниот притосок, предизвикува создавање на силни ветрови кои во Скопскиот регион се карактеризираа со брзина од околу 70 км/час.

02

Иако овие дождови се се одликуваат со краток временски период на врнење, во Скопје невремето траеше повеќе часови како последица на тоа што облачните ќелии се обновува една зад друга, па оттаму е и долготрајноста на невремето кое го зафати главниот град. Според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи, кај мерната станица Скопје – Зајчев рид се регистрирани 93 литри воден талог на метар квадратен, додека на мерната станица Скопје – Петровец се регистрирани 6 литири воден талог на метар квадратен, иако нивната оддалеченост изнесува околу 20 километри.

Овој тип на конвенктивни врнежи се случуваат во летните месеци и тоа во попладневните часови, кога сончевото зрачење е најинтензивно и максимумот на испарувањето е најголемо. Често можат да бидат проследени со врнежи на град, кој предизвикува големи штети во земјоделството. Со цел да се спречат материјални штети и човечки жртви, овие природни феномени и случувања се следат со помош на сателити, радарски станици, мерни станици кои можат навремено да го известат локалното население, но и соодветните државни институции да бидат кооридинирани и навремено подготвени за овие непредвидливи природни феномени.

044

 

Извор: Факултети.мк

Најчитани вести