Што е разликата меѓу хотел и хостел?

Со оглед на тоа што цената е пониска може да се каже дека хостелите располагаат со помал комфор. Тие се понеформален облик на сместување и  атмосферата е воглавно опуштена. Ако хотелот има извесна доза приватност, целта на хостелите е сосема поинаква: да овозможи запознавање и дружење со младите луѓе буквално од целиот свет.

Смислата на хостелот е да ви овозможи само основни работи што се доволни за вашиот безбеден престој во градот. Затоа инфраструктурата на хостелот е таква и нуди чисто и евтино сместување во соби во кои можете да изберете помеѓу еднокреветни, двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби, па дури и спални соби со 20 кревети!

Кога станува збор за оставањето на работите во собата, во секој хостел, постојат шкафчиња со клуч, каде можете да ги оставите вредните работи, затоа е добро со вас да имате клуч и катанец. Бањата може да се наоѓа во рамките на собата и тоа е во суштина е најдобра опција.

Покрај тоа…