Што е тоа што Јанева вложува толку многу напори да го скорие?

Да се добие отчет од Специјалното јавно обвинителство, како се трошат парите на граѓаните, денеска е една од најтешките задачи, пишува порталот „Прес 24“.

-Ниту Собранието, ниту еден новинар, ниту пак законот, не може да извлече од СЈО ниту еден податок, што се случува со оние 4 милиони евра кои граѓаните им ги дадоа како годишен буџет. На прес конференциите, обвинителите во СЈО велат дека работат во духот на транспарентноста, но кога ќе прашате, што се случува со парите, е тогаш, вратите се затвораат и од транспарентноста не останува ниту омилената буква на Катица Јанева „Т“, анализира порталот.

sjjo-odbiva

Кога нема официјални информации, кружат шпекулации, се билдаат сомнежи, се коваат завери.

За што се потрошиле парите, дали биле злоупотребени, кај кого завршиле? Уште многу прашалници висат над СЈО, а одговорот е еден документ од неколку страници. Зошто СЈО ги крие овие податоци, никој не може да процени, а се поголеми стануваат сомнежите дека се крие мега финансиски скандал тежок неколку милиони евра.

Според податоците кои до овој момент се познати во јавноста, на Катица Јанева за нормално функционирање со цел тој гломазен апарат кој самата го инсталираше и требаат околу 1,2 милиони евра годишно. Тоа значи дека 2,8 милиони евра, за 12 месеци на СЈО му се ставени на располагање за трошење во затворен круг, далеку од очите на граѓаните.

Дел од барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер кои само еден новинар редовно ги испраќа до СЈО, ги објави и порталот. Сите се однесуваат на финансиските податоци кои СЈО, согласно законот (да не зборуваме за начелото на транспарентност) е должно да ги сподели со јавноста.

prasanja-press24-1

prasanja-press24-2

Известени се сите домашни но и странски институции. За проблемот со нетранспарентноста на СЈО, која ги наведува новинарите да се сомневаат дека станува збор за тежок финансиски криминал во оваа институција, која инаку е должна да се бори против него, испратени се писма до речи си сите пратеници на Европскиот парламент, комплетниот дипломатски кор во Македонија, вклучувајќи ги и водечките амбасадори, еврокомесарот Хан и секоја институција, која се декларира како транспарентна и смета дека транспарентноста е еден од клучните чекори кон добро владеење, пишува „Прес 24“.

Одговор нема.

Останува на институциите на Управата за јавни приходи, да направат инспекција и да ги дадат одговорите кои СЈО упорно ги крие веќе цела година. Можеби е вистинско време и Основното јавно обвинителство да се ангажира и да провери, што е тоа што Катица Јанева вложува толку многу напори да го скорие, пишува „Прес 24“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.