Што говори бојата на вашиот кармин за вас?

Анкетата во која  учествувале 1.000 жени, покажа доста занимливи резултати.

Црвениот кармин се толкува како повик за потрага за љубов, а нијансите во боја на месо или боја на слива се поврзуваат со лицата што се пониско рангирани на работа, се проценува во оваа анкета.

Девојките или жените што носат кармин барем четири дена во неделата во оваа анкета се оценети дека се личности што имаат поголема самодоверба (93 отсто гласови) од оние што го носат помалку од три пати неделно (86 отсто). Дури околу 73 отсто од припадничките на поубавиот пол што носат кармин во анкетата се прогласени за љубители на популарните трендови.

Вработените жени што секој ден носат кармин во оваа анкета се оценети дека имаат повеќе шанси да успејат во хиерархијата на работното место.

Црвен кармин

Жените што редовно користат црвен кармин, другите ги доживуваат како креативни, храбри и амбициозни. Тие се посклони кон објавување на селфи фотографии на социјалните мрежи, на излегувања со некого што го запознале на интернет, а во сабота навечер најчесто можете да ги најдете во некој клуб или бар.

Розев кармин

Девојките и жените што користат ваков кармин другите често ги доживуваат како комуникативни и убави. Можеби наместо излегување со друштво ќе изберат мирна вечера со некоја од нивните омилени серии. Вработените жени кои што се повисоко рангирани на своето работно место, повеќе сакаат розеви нијанси. Розевата доаѓа во безброј нијанси па треба да ја пронајдете онаа што е совршена за вас.

Кармин во боја на слива

Ако ова е вашата омилена нијанса на кармин, другите околу вас ве гледаат како независна, префинета, доверлива и амбициозна личност. И вие сакате во сабота навечер да бидете со пријателите. Ако  ги сакате овие тонови на кармин, слободно изберете некои од варијантите на потопли бои на вино, па до помалку ексцентричните тонови на слива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.