Сто грама хероин пронајдени кај кавадарчанец

Полицијата во Струмица вчера пронашла околу сто грама хероин при претрес извршен над Б.Ј.(32) од Кавадарци.

Дрогата била одземена, а Б.Ј. е приведен и задржан во СВР-Струмица за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.