петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 9

Што им е важно на жените во сексот?

man-woman-sex-flirting-650x396

Поврзани вести

Мажите и жените го доживуваат сексот поразлично, бидејќи на мажите не им поаѓа од рака во потполност да ги разберат женските потреби и желби. Еве што треба да имате на ум:

Квалитетна предигра
На жените предиграта им е дел од сексот. И кога размислуваат за тоа дали сексот бил добар, размислуваат вклучувајќи ја и предиграта. Што сте и зборувале, каде сте ја допирале, како сте ја гледале. Се тоа на жените им е важно вклучувајќи ја и проценката дали сексот бил добар или не.

Опуштеност и угодување
Ова е исклучително важно на почетокот на врската, кога работите се уште не се дефинирани. Жените сакаат да знаат на што се, а ако не знаат постануваат анксиозни и напнати. Во тој случај не можат да доживеат оргазам, па исклучително е важно мажот да знае да ги опушти.

Познавање на ерогени зони
Секоја жена е различна и она што една ја возбудува, не е нужно дека и другата ја возбудува. Секоја дама има свои ерогени зони, а кога ќе сфати дека мажите ги открил и дека знае што да прави со нив, го сврстува во категорија на добри љубовници.

Истражување и игри
Иако на почетокот нема да каже, жените фантазираат за работи кои се невообичаени во сексот. Со текот на времето и кога ќе се опуштат, сакаат да ја истражуваат сексуалноста и да играат игрички. Кога тоа можат да го работат со мажите, несомнено уживаат во секс.

Клиторис
Звучи неверојатно, но многу мажи не знаат каде е клиторисот или не знаат како да го стимулираат. За женско задоволство, клиторисот е клучен. Кога мажот точно знае што треба да прави со него, жената може да доживее врв.

Јазикот е главно оружје
Заедно со мозокот, јазикот е најважаен сексуален орган.Зошто? Со негова помош се изговараат вистинските зборови, тој е заслужен за бакнување, но игра и голема улога во орално задоволување на жената. Затоа, важно е да знаете како да се служите со јазикот.

Најчитани вести