Што јаде Меланија Трамп за да изгледа толку младо

Како поранешна манекенка и една од најинтригантите први дами на САД кои некогаш стапнале во Белата куќа, не е ни чудо што сите се интересираат за нејзината исхрана и начинот на кој го одржува телото витко и младолико.

Во неколку досегашни интервјуа има откриено неколку здрави навики кои секој може и би требало да ги почитува.

 

Секој ден го започнува со ист појадок

Иако нејзиниот распоред е набиен, Меланија секое утро ја задржува истата навика – појадува овесна каша, која е одличен извор на влакна, и смути направено од овошје и зеленчук.
За телото да остане здраво, а кожата сјајна, Меланија секој ден се обидува да касне најмалку 7 различни овошја.

 

Не си забранува ништо

Немам вообичаено благо кое секогаш го јадам. Ако ми се јаде благо, би избрала овошје или малку чоколадо, затоа што очигледно тоа му треба на моето тело,  вели таа.
Првата дама призна дека обожава и сладолед, секако, додека неговото консумирање е во склад со здравата исхрана.
На Меланија ѝ е важно да внесува многу вода во текот на денот и никогаш не сака да консумира мрсна и калорична храна.

Пилатес
Откако го родила синот и се ослободила од вишокот труднички килограми, признава дека здравата исхрана и пилатесот 2-3 пати во неделата се нејзината дефиниција за здрав живот.

 

Омиленото јадење на Меланија

Омилено ми е пилешкото месо во пармезан, а од пијалак диетална Coca-Cola од класичното, стаклено шишенце, вели таа.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.