Што ќе му донесе конјукцијата меѓу Венера и Нептун на вашиот знак?

Преминувањето на Венера низ последниот знак во Зодијакот ќе го почуствуваат сите, а најмногу биковите, вагите и рибите, знаците каде влијанието на Венера е најсилно, а најмалку ќе го почувствуваат скорпиите, овните и девиците.

Овен

Позицијата на планетата на љубовниот занос во вашата 12-та куќа ви носи некое познанствопреку интернет или влез во некоја паралелна врска со некој што живее во некоја прекуокеанска земја.

Бик

Вашиот владетел Венера во прегратките на Нептун во 11-тото астролошко поле може да ви донесе незаборавна средба со некоја личност што ќе ја запознаете преку пријателите. Можни се проблеми со хормоните.

Близнаци

Конјукцијата на Венера и Нептун во астролошката куќа на работата ви носи додоворување од страна на некоја шармантна личност што најверојатно веќе ја познавате преку вашите бизнис контакти.

Рак

Планетите на љубовта и заблудата во деветтото астролошко поле наговестуваат можност за познанство на некој пократок пат во странство или на некое предавање.

Лав

Со нагласена астролошка куќа на страстите, но и со опасноста во која се наоѓаат Венера и Нептун треба да бидете повнимателни доколку ви се допаѓа некој бик, вага или риба.

Девица

Големиот број планети во вашето поле на љубовта наговестуваат можност за познанство со некоја шармантна, но неискрена личност, која поради работата е присутна во јавноста.
Вага (повеќе на следната страница)…