Што ќе му донесе конјукцијата меѓу Венера и Нептун на вашиот знак?

Вага

Вашиот владетел Венера во близина на планетата на љубовниот занос во шестата астролошка куќа може да ви донесе додворување од страна на некој колега или некоја личност што веќе ја познавате преку работата. Променете го начинот на исхрана.

Скорпија

Позицијата на Венера, владетелот на астролошкото поле на љубовта и Нептун симболот на заблудите во вашето петто астролошко поле наговестува можност за влегување во врска со некој уметник или спортист.

Стрелец

Конјукцијата на Венера и Нептун под влијание на Марс од вашата астролошка куќа на личноста ве предупредува дека причините за расправии со партнерот може да бидат љубомората и посесивноста.

Јарец

Позицијата на планетата на љубовниот занес под влијание на Марс од вашето 12-то поле навестува можност за влегување во врска со некого што ќе го запознаете на некој пократок пат или преку социјална мрежа.

Водолија

Венера и Нептун во вашата втора астролошка куќа ви носат средба со некоја личност што ќе ја запознаете преку бизнис контактите. Парите пристигнуваат од паралелените извори на приходи.

Риби

Со Венера и Нептун во вашиот знак нема да можете да се одбраните од обожавателите, но меѓу нив може да има и некој што ќе биде во целост искрен кон вас. Чувајте се од инфекции.