сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 5

Што ќе се случи ако се откажете од Фејсбук?

Гледајќи непрекинато на Фејсбук, (не)свесно ќе го занемарите животот околу себе. Партнерот ќе се чувствува запоставено, а домашното милениче ќе остане гладно. Кога ќе се исклучите од Фејсбук ќе станете свесни за животот околу себе и ќе можете да уживате во интеракцијата со другите

prijateli-fejsbuk-sra-luge-istrazuvanje

Последни вести

Иако социјалните мрежи можат да бидат одлична алатка за одржување контакти и создавање нови пријателства, постојат луѓе чија опсесија надминува многу граници. Така на Фејсбук се во вечна потрага по лајкови, учество во расправи, кометирања и сугерирања…

Ако сте станале и вие еден од таквите „Фејсбук“ зависници, „Послобни дневник“ пренесе десет работи кои ве очекуваат ако се откажете од Фејсбук, а на ЛинкедИн ги објави маркетиншкиот советник, Мајкл Бланшет.

1. Ќе бидете свесни за животот околу себе

Гледајќи непрекинато на Фејсбук, (не)свесно ќе го занемарите животот околу себе. Партнерот ќе се чувствува запоставено, а домашното милениче ќе остане гладно. Кога ќе се исклучите од Фејсбук ќе станете свесни за животот околу себе и ќе можете да уживате во интеракцијата со другите.

2. Ќе сработите повеќе

Социјалните мрежи, и тоа многу, го одвлекуваат вниманието, но и времето. Ако на секои неколку минути отворате да видите што се случува на Фајсбук, пресметајте колку работи сте можеле за тоа време да ги завршите.

3. Ќе се фокусирате на повеќе работи

Времето поминато на Фејсбук одзема премногу време, а всушност не правите ништо конструктивно. Ако сакате да го ослободите своето време и повеќе да се посветите на другите (попаметни) активности, одморете се од Фејсбук.

4. Ќе ги откриете вистинските пријатели

Интернет пријателства не е тешко да се склопат. Доволно е меѓусебно да си коментирате и лајкувате и веќе сте пријатели. Но во реалноста е нешто сосема друго. Откако ќе се одјавите од Фејсбук ќе ги пронајдете вистинските пријатели.

5. Ќе сфатите дека лајкувањето нема значење

Лајкање на работи на Фејсбук не мора да значи дека таа работа некому навистина му е убава. Лајкуањето повеќе претставува чин на обврска која покажува дека работата е видена и дека егзистира.

6. Повеќе ќе постигнете

Тоа што најмногу го дефинира Фејсбукот е фактот дека никогаш ништо не е готово. Секогаш постојат нови статуси, нови фотографии, нови можности за лајкување… Кога ќе се одлогирате од Фејсбук некои работни ќе морате да ги довршите како на пример читање книги, миење садови или уредување на дворот.

7.Ќе се ослободите од „демначите“

Ако сте жена и корисник на Фејсбук, многу веројатно имате свој „демнач“. Вашите информации се достапни на сите – и на оние кои ви се вистински пријатели, но и на оние кои потајно ве „шпиуоираат“.

8. Ќе се чувствувате подобро

Истражуањата покажаа дека поради Фејсбук навистина можете да се чувствувате полошо. Причина? Ако статусите не ги лајкува никој, би можеле да бидете разочарани. Освен тоа, може да ве следи чувството дека другите се посреќни и поуспешни од вас, затоа што така се презентираат на Фејсбук.

9. Ќе бидете поблагодарни на работите кои ги имате

Бидејќи на Фејсбук многумина ставаат фотографии од убави автомобили, скапи вечери и луксузни базени каде се капат, тоа во вас би можело да предизвика мечтаење за работи кои ги немате. Ако се одморите од Фејсбук, ќе бидете благодарни на работите кои ги имате.

10. Ќе сфатите дека сте само пион во игрите на Фејсбук

Иако постојат луѓе на Фејсбук кои се грижат за вас, за Марк Цукенберг вие сте само дел од податоците во големата база која чека да ве искористи. Имено, додека гледате платени огласи, ризницата на Фејсбук е се побогата, а вие само го губите времето.

Најчитани вести