Ердоган се надева дека побадата на Трамп ќе биде во корист на Блискиот Исток

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се надева дека победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД ќе доведе до позитивни чекори за Блискиот исток и до основните права и слободи во светот, јави БТА.

-Се надевам дека овој избор на американскиот народ ќе доведе до позитивни чекори, кои ќе бидат во полза на светот во врска со основните права и слободи, демократијата и развојот на нашиот регион, истакна Ердоган.