Магазин

Што кријат Марко Јариќ и Адријана Лима?

Што кријат Марко Јариќ и Адријана Лима?

Што кријат Марко Јариќ и Адријана Лима? Разведените сопружници настојуваат по разводот да останат во добри, па дури и во пријателски односи, посебно кога имаат деца, чиишто срца се нежни и полни со емоции. Сепак на малкумина тоа им успева.

Марко Јариќ (37) и неговата поранешна сопруга Адријана Лима (34)  со цел да останат во добри односи поради ќерката, повторно почнале да се вљубуваат еден во друг или барем така изгледа.

Што кријат Марко Јариќ и Адријана Лима?
Што кријат Марко Јариќ и Адријана Лима?

Она што беше помалку необично е кога станува збор за нивниот развод. Тие се разделија во мај минатата година, но официјалното барање за крај на бракот беше поднесен во јануари 2015-тата, за разлика од голем број познати двојки кои соопштението го издаваат откако се ќе се заврши. Со оглед на денешното време, Адријана и Марко морале да стават крај на бракот и на социјалните мрежи каде повеќе не се пријатели.

По разводот тие се однесуваа вообичаено: таа најде момче, борецот Биг Џо, а тој девојка, српската манекенка Душица Савиќ. Тие не ги криеја своите нови романси, а Лима дури и подробно ги известуваше своите следбеници на социјалните мрежи за нејзиниот приватен живот и просто ги затрупуваше со голем број романтични фотографии. Марко не се експонира во толкава мера, но сепак не се криеше. Сепак кратко траеше периодот на ранети суети. Во мај годинава папараците ги фотографираа со ќерките Валентина (5) и Сијена (3) на заеднички ручек во луксузен ресторан, по што и јавно потврдија дека доста често се гледаат мошне често, поради децата.

По ова соопштение и двајцата повторно останаа сингл. На Инстаграм поранешната двојка повторно почна да покажува меѓусебна наклоност. Кога манекекнката објави видео на кое се гледа како со черките вежба, Марко веднаш одговори со фотографија на која тој е заедно со ликовите од цртаниот филм Снупи и Чарли Браун, како заедно седат во кино сала и ја гледаат снимката на Адријана. Тој гест ја тргна секоја дилема за приоритетите во неговиот емотивен живот – јасно е дека децата се најважни.

По кратко време, тие повторно се пријатели на социјалните мрежи. Ова беше впечатлив индикатор дека повторно се зближуваат, па не е чудно што светските медиуми почнаа да ткаат приказна за возбудливата можност за нивното смирување. Врв на се беше изјавата на Марко дека со поранешната сопруга и со ќерките се гледа секој ден. Иако нивните пријатели тврдат дека тој и Адријана немаат намера да го обноват бракот, сепак прашањето е кој во иднина би можел да биде со нив и да ги поднесе нивните секојдневни средби.