Што купија Заеви во „Герас Цунев“ за само 20.000 евра?!

Од неодамнешната трансакција со акциите на конфекцискиот гигант „Герас Цунев“ од Струмица, произлезе дека кланот Заеви за само 20.000 евра, или цена за еден просечен патнички автомобил, се стекнале со деловни простории од околу 1.849 квадратни мери површина, односно купиле атрактивен деловен индустриски имот за само 10 евра по квадратен метар.

Според Деталниот преглед на податоците ма Имотниот лист број 5664 во катастарот во Струмица, конфекцијата „Герас Цунев“, на адресата на седиштето на компанијата, „Гоце Делчев“ 50 поседува два објекта како помошни простори со површини од 62 и 82 квадратни метри, и под ознаката „згради во останато стопанство“ објект од 73 квадратни метри, сите со градежна дозвола.

Во Струмица, исто така, според имотниот лист бр.14056, конфекцијата поседува дворно место од 380,15 квадратни метри на улицата „Маршал Тито“, а на истата адреса се заведени и помошни простории од 181 квадратен метар и „згради во останато“ објекти со внатрешна површина од 444 и од 242 квадрати. Додека пак на адресата „Гоце Делчев“ 50 се заведени два објекта од кои едниот е со површина од 386, а другиот од 795 квадрати.

Податоците од имотниот лист покажуваат дека во Струмица „Герас Цунев“ АД поседува земјиште, како двор и под згради на улицата „Гоце Делчев“ со вкупна површина од 5.076,39 квадратни метри.

Во имотниот лист број 11030 за катастарската општина Кочани е забележано дека АД „Герас Цунев“ Струмица на адресата „Кеј на Револуцијата“ 5 поседува објект со внатрешна површина од 53 квадратни метри.

Од овие прегледи произлегува дека конфекцијата „Герас Цунев“ поседува работни погони со површина од 2.016 и 1.781 квадратни метри на улицата „Гоце Делчев”, заедно со дворно место од 1.278 квадрати, како и деловен простор од 73 квадратни метри на улица „Благој Мучето“ бр.4 во Струмица и помошни простории на улицата „Гоце Делчев“ со површина од 65 и 82 квадрати и деловен простор од 53 квадатни метри на „Кеј на револуција“ бр.5 Акционерското друштво во својата сопственост има и објект од 444 квадратни метри на улицата „Маршал Тито“ бр.2, друг објект во истиот склоп со површина од 242 квадрати со помошни простории од 181 квадрати во рамките на на истиот објект. Дополнително фирмата има зграда од 795 квадратни метри и помошен објект од 386 квадрати на улицата „Гоце Делчев“ бр.50 во Струмица.

Компанијата поседува деловни објекти на атрактивни локации и во други градови, во вкупна површина од 7.396 квадратни метри, што несомнено укажува на големата вредност што „Герас Цунев“ ја поседува во недвижнини.

Минатата седмица беше објавено дека Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев од акционерскиот капитал се стекнал со 4.861 акција и сега поседува 15.126 акции или 22,25 отсто од главнинта на друштвото. Проверките од податоците кога компанијата објави преку Македонска берза за споменатата трансакција, вредноста на една акција изнесувала 300 денари, од што произлегува дека 1.458.300 денари, односно малку повеќе од 20.000 евра. А тоа очигледно е несразмерно со вредноста во недвижнини кои ја поседува друштвото.

Доколку се има предвид дека со 20.000 евра не може да се купи ниту најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849 квадратни метри, на атрактивни локации во општина Струмица, оправдано се отвора сомневањето дека купопродажбата е склучена со уцена или некој друг вид притисок.

Акциите и имотот со кој се стекнале Заеви е купен под паритет, односно под реалната цена за објектите и засега не е јасно како е продаден толкав имот за толку ниска цена.