Што мажите прво забележуваат кај жените

Дали знаете што е тоа што мажите прво го забележуваат кај жените? Што мислите? Истражувањата покажале дека она што прво им паѓа во очи на мажите кај една жена се нејзините очи.

Очи

Да, очите. Очите се една од најважните работи кои мажите ги забележуваат прво, како што велат сите, огледало на душата. Очите откриваат многу за личноста, а погледот кој го упатуваат во вистинско време ги привлекува мажите уште повеќе. Преку очите може да дознаете што некој мисли, дали ја зборува вистината, начинот на кој гледа или пак сосема спротивните работи.

Насмевка
Дефинитивно втора работа што се наоѓа на листата е насмевката која за мажите е многу привлечна и важна. Тоа и не изнадува толку зошто, секој сака личност што се смее? Сите секогаш сакаат својот партнер/ка да е весела и ведра личност. Истражувањата покажуваат дека вистинската и искрена насмевка може да направи чудо.
Секогаш насмевнувајте се без разлика на се, никогаш не знаете кој ќе се заљуби во вас.

Коса
Очигледно е дека косата е една од првите работи кои луѓето ја забележуваат кај жената. Истражувањата велат дека мажите мислат дека негуваната, сјана и чувана коса е одраз на жена која води сметка за себе, нејзиното здравје и младост. Затоа драги жени, не само од оваа прична, тука поради вас не ја занемарувајте грижата на вашата коса.
Нозе
Ова не е изненадување бидејќи знаеме колку мажите ги сакаат женските нозе. Меѓутоа, гледајќи долгорочно на нив им се важни многу други работи. Ако вашиот партнер ве сака, нозете секако нема да му се најважни.
Гради
Многу жени веруваат дека машките очи прво запираат на градите. Тоа не е точно. Според студиите мажите ги забележуваат женските гради откако ќе ги проучат очите и насмевката кај жената.
Драги жени, не им замерувајте кога зборуваат со вас и гледаат во градите, градите се симбол на плодност и младост.

Стил на облекување
Може да ви е чудно, но мора да знаете дека поголемиот дел од мажите забележуваат каков е стилот на облекување на женат и дали има вкус. Според истражувањата, мажите повеќе сакаат класичен и едноставен стил одошто покажување на повеќе кожа.
Оставете простор за имагинација.

Кожа
Дали ова ви изгледа неважно? Мажите забележуваат кожа што е негувана а за нив тоа е знак за здравје. За вас е ова додатен плус да не ја изоставите грижата за своето тело и кожа.