Што мислат муслиманките за носењето хиџаб

Што мислат муслиманките за носењето хиџаб
Што мислат муслиманките за носењето хиџаб

Еден од највизуелните симболи на исламот е хиџаб, марама за глава и врат кои го носат поедини припаднички на оваа вера. За некои ова  е потврда за религиозни верувања, а за други, тоа е симбол за опресија на жената. Додека во некои земји е забрането да се носи хиџаб, во други, тоа е задолжително за жените.

На интернет страницата „Whisper“, многумина се исповедуваат за своите тајни желби, мислења… Неодамна муслиманките откриле што навистина мислат за хиџабот, пренесува порталот „Б92“.

Сега е 9.45, а веќе добив три коментари со „оди по ѓаволите“ и два коменатри со „ве мразам“, се’ затоа што одбрав да ја практикувам својата религија и да носам хиџаб, напишала една жена.

Додека денеска шетав по улица во хиџаб, едно момче со камен ме удри по глава и ме нарече терористка, напишала друга жена.

Тајно на интернет ставам фотографии на кои не носам хиџаб, се поверила една жена.

Се борам со носењето хиџаб, но се плашам да го извадам, напишла една муслиманка.

Како жена која носи хиџаб, немам ништо против жените кои избрале да не носат. Јас сум го направила својот избор, така и тие, и порди тоа што сите имаме раво на избор, треба да бдеме почитувани, додала таа.

Жената која носи хиџаб, во својот дом кога е сама или опкружена со членовите на семејството пред кои не е задолжена да се покрие може да биде облечена во сосема поинаква облека.

Денес, се поголем број на жени кои носат хиџаб уживаат висок степен на самостојност во своето семејство во секоја смисла на зборот.
Денес, се поголем број на жени кои носат хиџаб уживаат висок степен на самостојност во своето семејство во секоја смисла на зборот.

Со оглед на тоа дека хиџабот се повеќе станува начин на облекување како кај младите така и кај постарите жени, овој растечки тренд неминовно носи овие жени да се среќаваат со луѓе кои ги гледаат со чудење.

Тоа набљудување понекогаш останува само на тоа, но некогаш тој набљудувач се осмелува да упати прашања на жената која носи хиџаб, кои често „не се на место“ и малку е ако кажеме и дека звучат бесмислено и глупаво. Едно е јасно дека носењето хиџаб не значи дека жената е дискриминирана и потчинета од страна на машките членови на семејството.
Денес, се поголем број на жени кои носат хиџаб уживаат висок степен на самостојност во своето семејство во секоја смисла на зборот. Денес жените со хиџаб се образувани и ангажирани на многу полиња во опшественото делување.