Што мислат жените, а што мажите за аналниот секс

Мажите и жените имаат различни мислења за аналниот секс и неретко го пробуваат поради погрешни причини. Еве за што станува збор…

Без разлика дали го сакате или не, за аналниот секс се` почесто се зборува. Резултатите од една британска студија потврдуваат дека младите жени често се впуштаат во оваа авантура од погрешни причини. Водачите на студијата се обиделе со разни прашалници да соберат информации за тоа во кои ситуации доаѓа до анален секс и од кои причини се согласуваат на него.

На примерок од 130 хетеросексуални мажи и жени, жители на градови и села во Англија, спроведени се испитувања за сексуалните навики на оваа група луѓе.


Се испоставило дека мажите и жените имаат различни мислења за аналниот секс и во него се впуштаат од различни причини. Додека мажите аналниот секс го поврзуваат соуживање и сексуално достигнување, жените споменуваат страв од болка и од нарушена репутација.

Мажите испитаници напоменале дека уживаат во аналниот секс бидејќи е повозбудлив од вагиналниот затоа што овозможува поголемо задоволство, а ги асоцира и на порнографија, додека жените велат дека го прават тоа само за да им удоволат на мажите. И двата пола заклучиле дека жените обично мора да се молат за да се согласат, а ако одбијат мажите ги сметаат за „стегнати“.

Идејата „ако пробаш ќе ти се допадне“ е честа метода со која се служат мажите за да го добијат она што го сакаат. За жал, повеќето испитаници не биле свесни дека со анален секс можат да се пренесат многу заразни болести.


Јасно е дека авторите истражувањето го спровеле со помош на мала група луѓе, па овие резултати не можат да се однесуваат на сите мажи и жени, но сепак добро е да се знае колку штетни можат да бидат стереотипите.